Проекти

Проект - Катастар на недвижности и регистрација - Куманово

Детални информации

Главната цел на овој пилот проект беше создавање на модерно опремена канцеларија за регистрација на трансакции на недвижности, која ќе послужи како модел и за другите катастарски канцеларии во РМ да го добијат овој изглед преку проектот КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ И РЕГИСТРАЦИЈА, кој во моментов се имплементира во Државниот завод за геодетски работи. Исто така ќе помогне да се развие програма за обука која би можела да се користи во останатите катастарски канцеларии за создавање на квалитетна услуга за клиенти и стекнување со организационо - менаџерски вештини, да го подобри разбирањето на персоналот за современи регистрациски и геодетски техники, да се научи персоналот да користи компјутерска опрема и софтвер и да се обучи кадарот којшто се приклучи на приватниот сектор.
Причините поради кои за реализација на пилот проектот беше избрано одделението во Куманово беа следните:

  1. Се работи за една од пофрекфентните канцеларии;
  2. Покрива голема  територија со урбани и рурални области;
  3. Има способен кадар за прифаќање и спроведување на промени;
  4. Мултиетничка средина;
  5. Блискост со седиштето на ДЗГР во Скопје;
  6. Постоење на сите три видови на премер и катастар во оваа одделение (пописен катастар, катастар на земјиште и катастар на недвижности).

Реализацијата на пилот проектот почна во јули 2005 и траеше 15 месеци. Средствата за неговата реализација беа обезбедени како донација од Холандската Влада. Со нив се финансираа следните активности:

  1. Реновирање на просторите на Одделението во Куманово;
  2. Набавка на геодетска, ИТ опрема и канцелариски мебел;
  3. Набавка на две возила;
  4. Консултантски услуги;
  5. Студиски патувања; и
  6. Ревизија на проектот.

Врз основа на дефинираните активности беа изготвени и задачите на консултантите кои пружаа техничка помош и консултанстки услуги за следните работи:

  1. Подобрување на работната околина по пат на целосно реновирање на канцелариите,  изготвување на спецификациите за нова опрема, информатичка и опрема за премер;
  2. Подобрување на услугите со клиентите; 
  3. Изготвување на Прирачник за процедури;
  4. Утврдување и обезбедување на архивскиот систем;
  5. Зајакнување на менаџерската перспектива на техничките работи како на пр. анализа и известување за потребната стратегија и препораки на Системот за ИТ во канцеларијата;
  6. Обезбедување на програма за обука на раководството на проектот, основање на бизнисот на приватните геодети, како и техничка обука;
  7. Обезбедување на методологија за преземање на кампања за јавна свест, вклучувајќи план за имплиментација и дизајн на памфлети за граѓаните;
  8. Организирање и спроведување на наставни патувања за раководниот кадар и вработените во ДЗГР.

Корисници на бенифитите од овој проект се сите граѓани на Република Македонија, а пред се во Кумановскиот регион, односно граѓаните кои своите потреби од катастарски услуги ги задоволуваат во оваа одделение. Исто така корист од овој проект има и персоналот од одделението во Куманово, кој на овој начин се стекна со неопходните знаења и вештини за обезбедување на подобри услуги на корисниците, како и приватните корисници на катастарските податоци, како што се нотарите, адвокатите, приватните геодетиски фирми и државните институции кои користат катастарски податоци.

При последната мисија на Светската банка која се реализираше од 30.10.2006 до 04.11.2006 многу позитивно беше оценета имплементацијата на Пилот проектот Кататстар на недвижности и регистрација – Куманово. Исто така и од страна на Холандската Амбасада овој проект е оценет за еден од поуспешните што ги има финансирано Владата на Кралството Холандија во Република  Македонија.

горе