Изработката на Глобалната Карта на Светот (ГКС) е меѓународна иницијатива на соработка преку доброволно учество на национални картографски организации од светот, со цел да се развие глобален хомоген сет на географски податоци со земјишна резолуција од 1км, како и да се воспостави конкретно партнерство меѓу владини институции, невладини организации, приватни сектори, снабдувачи на податоци и корисници, со цел за споделување на информации и знаење за правилно донесување на одлуки.
Примарната цел на проектот за Изработка на Глобалната Карта на Светот (ИГКС) е да придонесе кон одржливиот развој преку обезбедување на основна рамка на географски сет на податоци, неопходен за разбирање на моменталната ситуација и промените на животната средина во светот.
Целта на Глобалната Карта на Светот (ГКС) е прецизен опис на моменталниот статус на глобалната средина со меѓународна соработка на соодветни Национални Картографски Институции (НКИ) од целиот свет.
ИГКС е истовремено проект и процес за развој на дигитални географски информациски сет на податоци. ГКС која го покрива целосното земјиште на Земјата со земјишна резолуција од 1км со доследни спецификации е достапна за сите, со маргинални трошоци, како резултат на доброволното учество на НКИ на државите кои учествуваат во овој проект.
Меѓународниот Надзорен Комитет за Изработка на Глобалната Карта на Светот (МНКИГКС) игра централна улога во развојот на сетот на податоци за ГКС. Формиран е на 13ти Февруари, 1996 година во Тсукуба - Јапонија од страна на учесниците за Подготвителната Средба на МНКИГКС, а првата средба беше одржана на 14ти Февруари, 1996 година, исто во Тсукуба - Јапонија.