ПОМОШ
Податоците кои се објавени на интернет се од информативен карактер и се
поставени само за јавен увид. Достапни се податоци за територијата на секторот
за катастар на недвижности Скопје за кои е во примена катастар на недвижности
(за недвижности за кои се издава Имотен Лист) и за останатите катастарски
одделенија во Р.Македонија каде е востановен катастар на недвижности.
Апликацијата овозможува пребарување на катастарски атрибутни податоци . Се користи
на следниот начин:
- Корисникот избира политичка општина во Р.Македонија.
- Корисникот за избраната политичка општина избира катастарска општина.
Пребарува катастарски атрибутни податоци по: број на имотен лист или број на
катастарска парцела во рамките на претходно одбраната катастарска општина
1. Корисникот пребарува преку број на имотен лист внесувајќи го бројот на
имотниот лист во рамките на катастарската општина.
2. Корисникот пребарува преку број на катастарска парцела внесувајќи го бројот на
катастарска парцела (доколку катастарската парцела е поделена на делови тогаш се
пребарува преку бројот на катастарска парцела, а подоцна се одбира соодветниот
дел од катастарската парцела).
Пример: за парцела 128/2, пребаруваме за катастарска парцела 128