(ако не можете да го пронајдеде одговорот на вашето барање.
поставете прашање)
Прашање: Како да го регистрирам мојот имот? Како да извадам имотен лист?
Одговор: За да докажете дека сте законски сопственик на одреден недвижен имот (земјиште, куќа, стан, деловен простор...) мора да поседувате имотен лист во кој се запишани, а со тоа се осигурани, сите ваши законски права на сопственост врз недвижниот имот што го поседувате. Запишувањето на вашите права го врши Државниот завод за геодетски работи, преку Секторот за премер и катастар - Скопје и 29-те оодделенија за премер и катастар низ Републиката и тоа по службена должност (бесплатен упис) и на ваше барање (со надоместок). Процедурата за бесплатен упис е едноставна - единствено треба да се јавите на поканата за излагање на јавен увид на податоците за вашиот недвижен имот и во одреденото време, датум и место да ги донесете сите документи со кои ќе го докажете вашето право на сопственост. Тоа се: договор (за купопродажба, за подарок, за размена, за доживотна издршка и за распределба на имот за време на живот); судска пресуда, спогодба или наследно решение; одобрение за градба; градежно-техничка документација со проект или тапија. Документацијата која ја прилагате како доказ за запишување на Вашето право треба да биде оригинал или заверена на нотар. По увидот во документацијата, доколку истата е целосна и исправна и нема никакви законски пречки, вашиот имот ќе се впише во Катастарот на недвижности и во законски утврдениот рок (од 30 до 60 дена) ќе може да ви биде издаден имотен лист. Доколку, од кои било причини, не сте се јавиле на поканата доставена од ДЗГР и сте пропуштиле бесплатно да го запишете вашиот имот во Катастарот на недвижностите, или Вашиот имот е запишан во Катастарот на земјиште, а сакате да го запишете во Катастарот на недвижности заради добивање на имотен лист, ова право можете да го остварите врз основа на Ваше барање пропратено со целокупна документација со која ќе го докажете правото на сопственост и со плаќање на одреден нанадоместок кој е утврден со тарифник што го донесува Владата на РМ.
Прашање: Имам поседовен лист, но истиот не ми го признаваат како валиден документ со кој можам да ја докажам сопственоста врз мојот имот? Што е разликата меѓу поседовен и имотен лист?
Одговор: Имотниот лист е документ што ги содржи сите податоци за недвижниот имот што е во Ваша соственост. Тука се вклучени и сите ваши права, историјатот на промена на сопствениците, но и сите евентуални ограничувања (хипотеки, товари и слично) што можат да имаат влијание при понатамошните трансфери со имотот. Поседовниот лист не ги содржи сите овие податоци и затоа на пример банките не го признаваат како гаранција за сопственоста.
Прашање: Веке подолго време не можам да извадам имотен лист? Зошто постапката е толку долга? Кој е законски рок за добивање на одговор на поднесеното барање?
Одговор: Доколку документацијата со која се докажува правото на сопственост е целосна и исправна и нема никакви дополнителни пречки од имотно - правен карактер, на чие отстранување Катастарот не може да влијае (нема надлежност), законски утврдениот рок за издавање на имотен лист е од 30 до 60 дена. Точното времетраење за внесување на одредена недвижнина во Катастарот за недвижнини и издавање на имотел лист зависи од многу објективни фактори како што се валидноста на поднесената документација со која се докуажува сопственоста, потребата од увид на лице место заради проверка на реалната состојба со предметната недвижнот, како и од вкупниот број на поднесени барања. Рокот за издавање на документот може да се скрати само доколку тоа зависи од работата на Катастарот (ДЗГР). Во голем број случаи процедурата се одолговлекува поради други фактори (нерешени имотно-правни прашања и слично) на кои ДЗГР не може да влијае бидејќи се во надлежност на други органи и институции, како што се судовите, второстепени комисии и други.
Прашање: Кога точно граѓаните ќе добијат побрза и поефикасна услуга од Катастарот?
Одговор: Вработените во Државниот завод за геодетски работи (Катастар) интензивно и сериозно работат на неговото осовременување со цел истиот да прерасне во професионален, ефикасен и брз сервис на граѓаните. За таа цел во тек се сеопфатни измени на процедурите на работа, на односот кон кориниците на услугите, на транспаретноста и елиминирање на сите можности од евентуална корупција. Ваквите реформи се во полн ек, а се планира да бидат завршени во втората половина од 2008-ма година. Тоа не значи дека граѓаните и комапниите треба да чекаат до тогаш за да добијат брза и професионална услуга од Катастарот. Интенција на сите вработени во Катастарот е корисниците уште веднаш да добијат најдобра можна услуга во рамки на дефинираните законски надлежности и капацитети со кои во моментов располага институцијата.
Прашање: Зашто ДЗГР не ги врши работите од областа на оперативната геодетска работа, туку приватните геодетски фирми? Зошто цената кај приватниците е поголема?
Одговор: Приватната геодетска пракса пред се е воведена заради поефикасно решавање на проблемите на граѓаните. Приватните овластени геодети, согласно Законот, ги вршат оперативните теренски геодетски работи кои се однесуваат на установување и одржување на премерот и катастарот на недвижностите. Извршувањето на овие работи досега во најголем дел го успоруваа постапувањето во голем број предмети. Во делокругот на нивното работење спаѓа, меѓу другото и делба и спојување на парцели, снимање на промените настанати со изградбата и доградбата на објекти, подготвување на нумерички податоци, изработка на геодетски елаборати за запишување на права и од извршени геодетски работи за посебни намени, како и вештачења. По дефиниција приватниот сектор има многу поголем мотив брзо и ефикасно да ги завршува теренските работи затоа што така за пократко време ќе заврши поголем број предмети, а тоа значи поголем приход за нив. Приватните геодети за извршените работи наплаќаат надомест. Висината на надоместокот за извршени услуги на приватните геодети се утврдува според обемот и сложеноста на работата, оддалеченоста и теренските услови. За секој нивни ангажман тие склучуваат договор со барателите (корисниците) на геодетските работи во кој меѓудругото се утврдуваат начините и роковите за звршување на работата, како и висината на надомостокот. Воведувањето на приватната геодетска пракса покрај директен бенефит за граѓаните придонесува и за намалување на бројот на државната администрација, што значи заштеда во државната каса, вклопување на стандардите на Европска Унија и развој на пазарна економија. Списокот на овластени приватни геодети на кои може да им се обратите се објавени и на огласна табла во најблиската Катастарската канцеларија.
Прашање: Дали ДЗГР врши контрола врз работата на приватните геодетски фирми?
Одговор: За да се стекне со звањето овластен геодет лицето мора да исполнува одредени услови пропишани со закон, како и да има положен испит за овластен геодет. Нивната работа постојоано ја контролира Државниот завод за геодетски работи со тоа што преку заверка на елаборатите што тие ги доставуваат се проверува валидноста на податоците. Ако при вршење на надзорот ДЗГР утврди недостатоци, поднесува предлог до Комората на овластени архитекти и овластени инженери за одземање на овластувањето за вршење на геодетски работи на овластениот геодет. Дополнителна гаранција е и обврската за задолжително осигурување од одговорност за штета која би можеле приватните овластени геодети да им ја нанесат на трети лица.
Прашање: Дали Катастарот може да ме заштити од афери како што е „Фиком“?
Одговор: За жал во моментов ДЗГР нема законска надлежност да врши контрола дали одредени субјекти не го почитуваат законот и градат и продаваат објекти без притоа да имаат оодветна документација која им го овозможува тоа. За тоа се надлежни други државни институции. Со цел да се осигура дополнителна заштита од евентуални измами, ДЗГР во соработка со ресорните Министерства, планира да предложи измени и дополнувања на законите што ја регулираат оваа сфера.
Прашање: Еден пријател ми рече дека за да завршам побрзо работа треба да понудам поткуп на службеникот. Каде да се пријават случаите на корупција и дали тоа ке влијае на мене?
Одговор: Ние во ДРЗГР сме целосно свесни за тоа дека во јавноста е раширено мислењето дека за да завршиш работа во Катастар потребно е да понудиш поткуп. За да ја надминеме оваа состојба веќе некое време функционира бесплатна телефонска линија 0800 80 800 преку која граѓаните може да пријават случај на корупција и да го посочат службеник кој тоа од нив го побарал. Дискрецијата од јавувањето на таа линија е загарантирана. На овој начин ние ги охрабруваме граѓаните да ни помогнат да го откриеме сите понатамошни обиди за корупција. Истовремено ги подобруваме перформансите (брзината и ефикасноста) во нашето работење, со скратување и поедноставување на процедурите и унапредување на односот на нашите вработени кон корисниците на услугите – фактори што во најголем дел ги мотивираа одреден број наши корисници да размислуваат за поткуп кој би ја „забрзал” работата.
Прашање: Каде можам да добијам информации за потребни документи за добивање на услуга од Катастарот?
Одговор: Во насока на реформирање на ДЗГР (Катастарот) преземени се низа конкретни активности чија цел е зголемување на достапноста и протокот на инфомации за потребните документи, процедурата и времетраењето на добивање одредена услуга. Од неодамна иинформации може да се добијат на бесплатниот телефонски број 0800 80 800, отворена е и специјална телефонска линија за инвеститори, а како што може да се уверите целосно е редизајнирана нашата њеб страницата која сега ги нуди сите потребни информации за нашите услуги, а преку неа може да поставите прашање на кое добивате одговор во рок не подолг од 24 часа. Исто така направени се неколку дополнителни чекори во самите канцеларии (шалтери) на Катастарот со цел граѓаните поедноставно и подобро да е информираат за услугите што ги нудиме и документите што с потребни за нив. Се случува граѓаните да не знаат зошто им се потребни овие документи, па затоа спроведуваме и медиумска кампања за информирање за правата и обврските на граѓаните и за тоа како тие полесно да ги остварат.
Прашање: Во мојот имотен лист е направена грешка со тоа што како сопственик на дел од имот е впишано друго лице. Поднесов жалба до ДЗГР, но таа ми беше одбиена. Што да правам понатаму за да докажам дека имотот е мој?
Одговор: Според законот против решението на ДЗГР (Катастар) за регистрирање на сопственост на недвижен имот може да се поднесе жалба до до Комисијата за решавање на управни работи во втор степен од областа на премерот, катастарот и запишување на правата на недвижностите, при Владата на Република Македонија, која како второстепен орган единствено има право да одлучува решенијата на второстепената Комисија се конечни и извршно и истите се спроведуваат во катастарскиот план и операт. Секое лице што смета дека има појако право врз недвижноста отколку лицето кое веќе е запишано како носител на правата на недвижноста, може своето право да го докажува во судска постапка. По барање на заинтересираното лице Катастарот го запишува евентуалниот судски спор како забелешка во имотниот лист.
Прашање: Дали физичко лице има право да поднесе барање во врска со денационализација?
Одговор: Катастарот не е институцијата каде се поднесуваат барањата за денационализација, иако како орган учествуваме во утврдување на фактичката состојба со недвижностите кои се предмет на оваа операција. Првонадлежна институција за спроведување на овој процес е Државна комисија што работи во состав на Министерство за финансии до која што се поднесуваат барањата. Понатаму Комисијата е таа која по службена должност соработува со различни институции, меѓу кои и Катастарот од кои бара одредени податоци и дејствија согласно со нивните законски надлежности.