Скратена постапка за уредување меѓи

 

   Со цел надминување на проблемите со кои се сретнуваат сопствениците на недвижен имот, а кои се однесуваат на случаите кога во катастарот на недвижности во имотен лист покрај сопственикот на земјиштето кој има валиден правен основ се запишани како сосопственици и соседите во соодветен идеален дел, се извршија измени и дополнувања во Законот за катастар на недвижности.

  Со измените и дополнувањата се изврши дополнување на членот 212 и се пропиша можност во напред наведените случаи, кога не се извршени промени на граничната линија и површината на предметната катастарска парцела која е запишана во систематското или поединечното запишување, при што истата е запишана во идеални делови како резултат на разликите во начинот на премерување, размерот на плановите или грешки при одржување на катастарот на земјиште, да може да се изврши ажурирање на податоците без геодетски елаборат со изјави за согласност дадени од носителите на правата запишани во идеални делови, заверени кај нотар.

 
 
Изјавите може да се преземат на следниов линк
 

Во прилог се списоци на сопственици и парцели опфатени со најновата измена на Правилникот за одржување на катастарот на недвижностите:

 

 

Детален преглед на парцелите може да се види на Гис порталот на Агенцијата за катастар на недвижности на следниов линк