1. Податоци што ги издава Агенцијата за катастар на недвижности во Центарот за катастар на недвижности-Скопје и во одделенијата за катастар на недвижности во Република Македонија

 

 

1.     Имотен лист, евидентен лист, лист за времени објекти, пописен лист со незапишани права

  

2.     Лист за предбележување градба

 

3.     Потврда дека лицето не е запишано како носител на право во катастарот на недвижности - КН

 

4.     Уверение за историски преглед на извршените запишувања во катастарот на недвижности/земјиште  (уверение за движење)

 

5.     Копија од катастарски план

 

6.     Копија на податоци содржани во збирката на исправи

 

7.  Увид во податоците во ГКИС во писмена форма

 

8.     Потврда за носителите на правата на соседните катастарски парцели

 

9.    Потврда за канцелариска идентификација на катастарска парцела

 

10.       Податоци за приватна геодетска практика 

 

11.       Извод од список на катастарски парцели со површини

 

12.       Извод од азбучен преглед на носителите на правата на  недвижности

 

 

 

1.    Имотен лист, поседовен лист, евидентен лист, лист за привремени објекти


Потребно е уредно пополнето барање со доказ за платен надоместок од 125 денари (за едно барање), како и доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса.

 

 

Горе

 

 

2.    Лист за предбележување градба

  

Потребно е уредно пополнето барање со доказ за платен надоместок од 125 денари, како и доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса. 


ЗАБЕЛЕШКА: 

Податоците од точка 1 и 2, освен на шалтерите во АКН, ЦКН и во подрачните одделенија за КН, можат да се издаваат и кај овластените дистрибутери кои имаат потпишано договор со АКН како општини, нотарски канцеларии, приватни геодетски фирми, адвокатски канцеларии, извршители, банки и други  правни лица.

 

Податоците издадени  од наведените субјекти имаат иста правна важност, како  и податоците што се издаваат од АКН, ЦКН и од подрачните одделенија за КН.

 

 

 

Горе

 

 

3.    Потврда дека лицето не е запишано како носител на право во КН /КЗ

  

Потребно е уредно пополнето барање со доказ за платен надоместок од 50 денари за 1 барање (едно барање за едно лице), како и доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса и незаверена фотокопија од лична карта, односно извод од тековната состојба за правните лица (за недвижен имот што се наоѓа во катастарски општини во надлежност на ЦКН-Скопје или некое од подрачните одделенија за катастар на недвижности во Република Македонија).

За потврдата дека лицето не е запишано како носител на право во катастарот на недвижности за територијата на Република Македонија (едно барање за едно лице), потребно е да се достави доказ за платен надоместок од 450 ден. и доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса. 

Странките што ќе приложат потврда дека се корисници на социјална помош се ослободени од административна такса, но не и од надоместок во согласност со Тарифникот на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН).

 

 

Горе

 

  

4.    Уверение за историски преглед на извршените запишувања во катастарот на недвижности/земјиште  (уверение за движење)

  • За издавање уверение за недвижност што содржи податоци за катастарската парцела од катастарот на земјиште, идентификација и податоци за катастарската парцела од катастарот на недвижности (една катастарска парцела, односно за една недвижност), потребно е да се пополни уредно барање кое можете да го најдете на шалтерите, како и на веб-страницата www.katastar.gov.mk. Со барањето се приложува доказ за платен надоместок во висина од 600 денари за една парцела, односно за една недвижност - зграда/посебен дел од зграда и доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса.

 

 

  • За издавање уверение за недвижност до стапување во сила на КН или по стапување на КН, потребно е да се поднесе уредно пополнето барање со приложен доказ за платен надоместок во висина од 400 денари за една катастарска парцела и доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса.

 


 Горе

 

5.   Копија од катастарски план

 

За издавање копија од катастарски план (за една катастарска парцела), потребно е да се достави уредно пополнето барање со доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса и доказ за платен надоместок на жиро-сметката на АКН, и тоа за:

 

Ред. бр.

Вид податоци Единица мерка Висина на надоместок
1. копија од катастарски план една катастарска парцела 165 ден.
2. копија од катастарски план со исцртана дециметарска мрежа една катастарска парцела 165 ден.
3. копија од катастарски план со испишување на сопствениците на соседните парцели една катастарска парцела 250 ден.

 

 


 

Горе

 

 

6.   Копија на податоци содржани во збирката на исправи

 

Од податоците содржани во збирката на исправи во катастарот на недвижности се издаваат копии кои се заверуваат од АКН, со назнака дека се верни на примерокот што е содржан во збирката на исправи. За издавање копија од овие податоци се поднесува барање и доказ за платен надоместок од 30 денари за една страница и доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса. 

 

 

 Горе

 

7.   Увид во податоците во ГКИС во писмена форма


  •       еден предмет, односно една збирка на исправи

 

За вршење увид во предмет, односно во збирката на исправи како дел од ГКИС, потребно е да се поднесе уредно пополнето барање со доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса, како и доказ за платен надоместок во висина од 200 денари. 

 

  •   еден катастарски план

 

За вршење увид во еден катастарски план како дел од ГКИС, потребно е да се поднесе уредно пополнето барање со доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса, како и доказ за платен надоместок во висина од 50 денари.

 

 Горе

 

 

8.   Потврда за носителите на правата на соседните катастарски парцели

 

Потребно е уредно пополнето барање, доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса и доказ за платен надоместок во висина од 150 денари за една катастарска парцела.

 

 

Горе

 

 

9.     Потврда за канцелариска идентификација на катастарска парцела

  

Потребно е уредно пополнето барање, доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса и доказ за платен надоместок во висина од 50 денари за една катастарска парцела. 

 

 

Горе

 

 

10.      Податоци за приватна геодетска практика


  • За заверка на геодетските елаборати за парцелирање на градежното земјиште во постапката за реализација на урбанистичките планови и за заверка на геодетските елаборати за физичка делба се наплаќа надоместок за:

 

Единица мерка Висина на надоместок

една новоформирана парцела

50  ден.

 


  • За заверка на геодетски елаборати од геодетски мерења за спроведување промени на имотно-правните односи на земјиштето, во постапката за експропријација и приватизација на градежно земјиште се наплаќа надоместок за:

 

Ред. бр.

Единица мерка Висина на надоместок
1. линиски објекти по еден км 250 ден.
2. површински објекти по еден ха 70 ден.

 

   

  • За заверка на еден геодетски елаборат за други намени се наплаќа паушален надоместок во износ од 100 денари. 

 

  • За приватна геодетска практика се издаваат и други податоци од ГКИС, согласно  со Правилникот за  издавaње податоци од ГКИС и Тарифникот за издавање податоци. 
        

 

 

 Горе

 

11.      Извод од список на катастарски парцели со површини

 

  Потребно е уредно пополнето барање со доказ за платен надоместок во висина од 25 денари за една катастарска парцела и доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса.

 

 

Горе

 

12.    Извод од азбучен преглед на носителите на правата на  недвижности

 

     Потребно е уредно пополнето барање со доказ за платен надоместок во висина од 25 денари за една катастарска парцела и доказ за уплатен износ од 50 денари за административна такса.

 

Горе