Центар за катастар на недвижности - Скопје

Стручен советник - В.Д. Помошник на директорот за Центарот за КН - Скопје Здравко Лекоски, дипл. геод. инж.

Адреса: Дрезденска бб, Скопје
Телефон: (02) 3097 300, 3097 337, Факс: 3097 336
e-mail: z.lekoski@katastar.gov.mk


Во Центарот за катастар на недвижности - Скопје се вршат работи што се однесуваат на:

- систематско запишување, поединечно запишување и запишување на незапишани права по востановен катастар на недвижности;
- издавање имотни/поседовни листови и копии од катастарски план;
- заверка/одобрување на геодетски елаборати;
- запишување и бришење хипотеки, други стварни права и факти што се од влијание за недвижностите;
- запишување на промените во катастар на недвижности и катастар на земјиште;
- изготвување потврди, уверенија и известувања; 
- изготвување и издавање податоци од интабулационите книги
- примање барања за слободен пристап до информации од јавен карактер и издавање информации од јавен карактер;
- изготвување податоци од катастарот на недвижности и катастарот на земјиште за приватниот геодетски сектор;
- организирање и водење на архивското работење.