III Регионална Конференција за катастар и инфраструктура на просторни единици

22.06 2010


Во период од 09-11.06.2010 година во Бечиќи, Црна Гора беше одржана Третата Регионална Конференција за катастар и инфраструктура на просторни единици. На оваа конференција учество земаа делегации од националните катастарски институции од регионот и тоа:
Републичкиот завод на Република Србија, Федералната управа за геодетски и имотно-правни работи на федерација Босна и Херцеговина; Републичката управа за за геодетски и имотно-правни работи на Република Српска - Босна и Херцеговина; Државната геодетска управа на Република Хрватска; Катастарската агенција на Косово; Геодетската управа на Република Словенија; Албанската агенција за регистрација на недвижности; Управата за недвижности на Црна Гора и Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија.

На Конференцијата учествуваа и претставници од меѓународните институции и организации, и тоа: претставници од Европската комисија, Светска банка, претставници од Норвешка, претставници од ГТЗ, како и гости од Киргистан.

Конференцијата беше отворена од:

- Г-дин Миќо Орландиќ, директор на Управата за недвижности на Црна Гора

- Г-дин Игор Лукшиќ, Потпретседател на Влада и Министер за финансии на Република Црна Гора.

 

 

Поздравен збор земаа:

- Г-динот Љупчо Георгиевски, директор на  Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, на кого и  му припадна честa да ги поздрави учесниците на Третата Регионална Конференција за катастар и инфраструктура на просторни единици, од името на сите директори на националните катастарски институции,

- Г-дин Рајко Куљача, Претседател на Општина Будва,

- Г-ца Викторија Стенли , претставник од Светска банка,

- Г-дин Клив Румболд, претставник на Европската комисија во Црна Гора,

- Ион Мулер, претставник на ГТЗ и

- Тили Хајнрих, претставник од ЛГБ покраина Бранденбург. 

 

 

Работните теми  на Третата Регионална Конференција за катастар и инфраструктура на просторни единици  беа поделени во 4 сесии, и тоа :

- Првата сесија се однесуваше на претставување на наодите од истражувањето спроведено во функција на изработка на  Третата регионална студија за катастар и земјишна администрација.
Оваа сесија ја водеше Г-дин Љупчо Георгиевски директор на  Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, а на оваа сесија учество земаа г-нот Миодраг Роиќ, координатор на Сталната техничка комисија, кој ги презентираше  резултатите од истражувањето извршено за Третата регионална студија за катастар и земјишна администрација и г-ца Мирјана Љумовиќ, помошник на директорот на Управата за недвижности на Црна Гора, која даде осврт на третата Регионална конференција – теми и перспективи.
Потоа следеше претставување на Албанската агенција за регистрација на недвижности од г-н Бесник Комо.

- Втората сесија тематски беше посветена на е-сервисите. Оваа сесија ја водеше г-нот Ненад Тесла, директор на  Републичкиот завод на Република Србија. На  сесијата со свои презентации  се претставија институциите од регионот, и тоа следеа презентациите на: г-н Саша Ѓуровиќ, Републичкиот завод на Република Србија, г-ѓа Јелена Унгер, Државна геодетска управана Република Хрватска, г-н Томаж Петек, Геодетска управа на Република Словенија, г-нот Гоце Груевски, ракововодител на ИТ Сектор од Агенција за катастар на недвижности од Македонија и г-ѓа Мирјана Љумовиќ, Управа за недвижности на Црна Гора.

 

 

 

- Третата сесија ги обработуваше темите за статусот на воспоставените ГНСС перманентни мрежи во Регионот и истата  ја водеше г-нот Жељко Обрадовиќ, директор на Федералната управа за геодетски и имотно-правни работи на федерација Босна и Херцеговина,. На оваа сесија  презентираа: г-н Саше Димески, Агенција за катастар на недвижности, г-н Владимир Миленковиќ, Републичкиот завод на Република Србија, г-н Маринко Босиљевац, Државна геодетска управа на Република Хрватска, г-н Новшак Роман од Геодетска управа на Република Словенија, г-н Дарко Мишковиќ и Неџат Пашалиќ РГУ Република Српска и ФГУ Федерација БиХ, г-н Мурат Меха, Катастарска агенција од Косово, г-н Бесник Комо од Албанската агенција за регистрација на недвижности  и г-н  Предраг Фемиќ, Управа за недвижности на Црна Гора.

 


 

- Четвртата сесија ја водеше г-нот Томаж Петек од Геодетска управа на Република Словенија, и на истата свои презентации имаа г-нот Pascal Harry, претставник на DG ENLARG кој го презентираше статусот и планот за почетокот на имплементација на заедничкиот Регионален проект  INSPIRATION – the SDI for the Western Balkan. Република Македонија, односно Агенцијата за катастар на недвижности  истотака е дел од институциите кои се опфатени со овој регионален проект.

- За ефектите од регионалните проекти и продолжувањето на регионалната соработка , говореше г-нот Жељко Бачиќ, директор на Државна геодетска управа на Република Хрватска.

- Г-нот Жељко Обрадовиќ, директор на Федералната управа за геодетски и имотно-правни работи на федерација Босна и Херцеговина, како член на Управниот одбор на Eurographics, даде краток осврт на активностите во оваа меѓународна организација. На крајот последната сесија заврши со преставување на заедничките проекти за соработка помеѓу ГТЗ, Управата за недвижности на Црна Гора и ЛГБ покраина Бранденбург, со презентација на  г-нот Тили Хајнрих.

На крајот од самата конференција беа донесени заклучоци  кои се однесуваа на усвојување на  Трета студија за катастар и инфраструктура на просторни податоци.
Констатиран е значаен напредок во подрачјето на електронските и ГНСС сервиси во сите институции учеснички, потенцирајќи го особено големото значење на билатералната соработка на институциите во овие области.

 


 

Албанската агенција за регистрација стана членка на оваа Регионалнa конференција.
Беше донесена одлука следната регионална Конференција да се одржи во Република Словенија, кон крајот на мај или почетокот на јуни 2011 година.


Скопје, 15 јуни, 2010 година