ВО СКОПЈЕ ПОЧНА СО РАБОТА Е-КАТАСТАР
31.05 2010
Во Центарот за катастар на недвижности – Скопје во присуство на Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, Министерот за информатичко општество Иво Ивановски, Директорот на АКН Љупчо Георгиевски и вработените во Агенцијата беше пуштен во употреба Електронскиот систем за катастар за територија на Град Скопје.

" Овој проект е еден од клучните за создавање на ефикасна деловна клима особено во делот на работата со недвижен имот- истакна Вицепремиерот Пешевски, а Македонија е меѓу ретките земји во регионот која успеала да стави во функција ваков систем".
Според Министерот Ивановски со спроведувањето на Е- катастарот се воведува поголема отвореност, ефикасност и одговорност на институциите пред граѓаните, а се заштедува и времето на корисниците на услугите.

" Проектот чинеше околу 320 илјади евра, средства обезбедени од буџетот на Катастарот и е изработен со најсофистицирана веб технологија од фирмата Игеа, истакна Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Љупчо Георгиевски, додавајки дека на истиот се работеше неполни две години".