АКН доби награда од Светска Банка

29.04 2010

 

Македонскиот катастар – лидер во регионот

 

         На 13 април во организација  на Канцеларијата на  Светска Банка во Скопје  беше одржана прес конференција на која беше објавена веста дека Проектот Катастар на недвижности и регистрација кој се имплементира во АКН,  е еден од 12 – те  победниците  на третиот натпревар на проекти на тема Подобрување на животите на луѓето во Европа и Централна Азија 2010.



         Во конкуренција на 282 проекти и потесен избор од 47 добро осмислени номинации на проекти за регионот на Европа и Централна Азија наградени се 12 проекти кои што покажале значителни резултати, а кои довеле до подобрување на животите на луѓето во одредени области и придонеле во реформите во одредени сектори, меѓу кои и подобрување на системот на регистрација на имотите.



        Од 12-те наградени проекти, Проектот Катастар на недвижности и регистрација кој се имплементира во АКН е единствен награден проект од областа на регистрација на имот и од наградените во регионот. Проектот Катастар на недвижности и регистрација кој се имплементира во АКН е награден поради фактот што до сега 98 % од територијата на Р. Македонија е покриена со катастар на недвижности во споредба со 43% покриеност на почетокот на имплементација на проектот. Зголемениот процент на воспоставен катастар на недвижности  доведе до зголемување на бројот на регистрирани трансакции за 121 %  како и зголемување на бројот на хипотеки за 114 % со воспоставен стандард на регистрација на трансакциите од 5 дена. Проектот исто така го поддржа воспоставувањето на приватната геодетска пракса во Република Македонија.
        Церемонијата за доделување на наградите ќе се одржи на 3-ти Јуни 2010 во Вашингтон каде преку видео Конференции ќе им се овозможи на наградените Проекти да ги споделат информациите и да разменат искуства.

 

Линк до Светска Банка