Информација за еднодневниот семинар на тема: Проблеми во постапката на одржување на катастарот на недвижности - Хотел Континентал 12.03.2010 год.

17.03 2010

 

Во организација на Агенцијата за катастар на недвижности (АКН) и поддршка од проектот – Развој на институционалните капацитети на АКН 2009-2013 година - финансиран од Сида (Шведската агенција за обнова и развој), во Хотелот Континентал на 12.03.2010 год., се одржa обука за катастарските службеници правници кои работат во постапките на запишување на правата на недвижностите во Центарот за КН-Скопје и  подрачните одделенија за КН  на тема:


- Проблеми во постапките на одржување на катастарот на недвижностите.


Крајната цел на оваа обука е усогласување на работењето на сите катастарски службеници кои работат во постапките за запишување на правата на недвижностите во постапка на одржување на КН, а истата беше организирана со присуство на представници од Нотарската Комора, Комората на Извршители, претставници од Основен Суд Скопје 2 - Скопје и Управен Суд на Република Македонија.

 

 

 

На отворањето на еднодневниот семинар поздравни говори имаа Директорот на АКН г-дин Љупчо Георгиевски, г-дин Златко Николовски, претседател на Нотарската Комора на Република Македонија и г-дин Антонио Коштанов, претседател на Комората на Извршители, а активно учество зедоа осумдесетина вработени во АКН и дваесетина претставници - гости од погоре наведените институции.

Заклучоците од еднодневниот семинар беа дека ќе се оформи работна група помеѓу АКН, коморите (извршители/нотари) и судовите за усогласување во работењето помеѓу овие институции и во иднина ќе се одржуваат редовни средби со цел подобрување на услугите кои се даваат кон граѓаните.

Поради актуелноста на темата на еднодневниот семинар, повеќе медиуми пројавија интерес за настанот и истиот беше објавен како новина во информативните рубрики на повеќе телевизиски и пишани медиуми.
 


Сектор за меѓународна соработка, европска интеграција, проекти и обуки