Известување за корисниците на електронскиот шалтер на АКН

03.10 2017

 

 

 

Почитувани,

 

Почитувани корисници на електронскиот шалтер, Ве известуваме дека поради задолжителна надградба на безбедносните стандарди наметнати од меѓународниот PCI DSS (Payment Card Industry Data Security Standard) кој се однесува и на интернет (online) плаќањата со платежните картички, Casys процесинг центарот користен во електронскиот шалер за плаќање на услугите кон Агенцијата за катастар на недвижности, почнувајќи од 15.10 2017 година ќе мора да се извршуваат од Интернет прелистувач кој задолжително користи безбедносниот протокол TLS 1.2 со цел да извршите успешно плаќање. Со цел успешно да се надмине оваа безбедносна надградба, и да немате прекин во користењето на електрнскиот шалтер, задолжително треба да извршите проверка дали вашиот токен е Java.

 

Доколку сте корисник на Јава Токен, а со цел да може непречено да се користи системот Електронски шалтер потребно е вашиот токен со сертификат да го замените кај овластените издавачи на персонални сертификати најдоцна до 15.10.2017 година. 

 

Упатства со подетални информации достапни се на следниов линк.