СООПШТЕНИЕ до медиумите за јавно информирање

01.09 2017

Агенцијата за катастар на недвижности Ве известува дека од 1.9.2017 година го менува начинот на постапување во предметите, за кои по претходно поднесена пријава била донесена потврда за одбивање на пријавата за запишување/промена заради нецелосност/некомплетност или несоодветност на податоците.
Се укинува плаќањето за повторно поднесување на пријавата за запишување/промена во катастарот на недвижностите, со што се укинува двојното плаќање на трошоците за професионалните корисници на е-кат шалтерот и за граѓаните на Република Македонија.
Од 1.9.2017 година се направени надградби на електронскиот систем на Катастарот кои ја овозможуваат оваа функционалност за примена.
Појаснувања и опис на постапките се објавени на веб-страницата на Агенцијата за катастар на недвижности www.katastar.gov.mk.