Квартален извештај од Регистарот на цени и закупнини

11.07 2017

 
 
Агенцијата за катастар на недвижности го издаде извештајот oд Регистарот на цени и закупнини за периодт од 01.03.2017 до 30.06. 2017 година, односно за вториот квартал на оваа година. Во овој период во Регистарот на цени и закупнини се запишани вкупно 3.005 трансакции.Најмногу трансакции се регистрирани во месец Јуни, кога во Регистарот се впишани 1.513 трансакции, додека најмал број на трансакции се регистрирани во месец Мај само 716.  Од севкупниот број на трансакции со недвижности 59% се однесуваат на продажби, 32% на закупи, 7% на продажби од инвеститор и 2% на откупи од Република Македонија.
 
Доколку направиме споредба помеѓу вториот квартал од 2016 година кога имаме регистрирано 5.992 трансакции со вториот квартал од 2017 година ќе забележиме огромно намалување на регистрираните трансакции од 2.917 трансакции што претставува намалување на обемот на трансакции од 51,4%. Доколку пак направиме споредба со првиот квартал од 2017 година кога се регистрирани 2.590 трансаакции ќе забележиме раст од 415 трансакции, односно раст од 13,8%.  
 
Во однос на продадените новоградбиовој квартал се регистрирани 139 вакви продажби што претставува зголемувањеза 88 продажбиво однос на првиот квартал од 2017година кога беа регистрирани 51продажба на новоградби. Во овој квартал согласно податоците од базата на катастарот на недвижностиимаме 3.663ново изградени станови кои се непродадени и се нудат на пазарот со недвижности, додека во тек на градба се 9.973 станови на целата територија на Република Македонија или вкупно 13.636 станови кои се нудат на пазарот на недвижности. Во првиот квартал од 2017 година беа регистрирани 3.030 непродадени станови кои се нудеа на пазарот со недвижности и 8.777 станови кои беа во тек на градба или вкупно 11.807 кои се нудеа на пазарот на недвижности. Доколку ги споредиме овие два квартала можеме да забележиме зголемување на непродадените станови за 633 стана и раст на становите кои се во градба од  1.196 станови кои треба да бидат довршени и понудени на пазарот со недвижности. 
 
Во текот на вториот квартал од 2017 година се регистрирани 2.336 продажби на недвижности со вкупна цена од околу 3,9 милијарди денари. Вкупниот број на регистрирани закупи изнесува 699 со вкупна месечна закупнина од околу 12,5 милиони денари. 
 
Цената на метар квадратен станбен простор во општина Центар бележи раст, па така во првиот квартал од 2017 година изнесувал 45.562денари, заво вториот квартал од оваа година да изнесува61.255денари.  Воопштина Аеродром во првиот квартал од 2017година метар квадратен станбен простор изнесувал 51.739денари, за во вториот квартал во 2017 година да изнесува 50.132денари што претставува мал пад на цените на становите во оваа општина.Во општина Карпош имаме големо намалување на цената на становите, па така ако на почетокот на оваа година за метар квадратен станбен простор во оваа општина се плаќало по 61.163 денари, во вториот квартал од оваа година метар квадратен изнесува 54.671 денари. Во општина Ѓорче Петров имаме намалување на цената на метар квадратен станбен простор, па така споредбено со предходниот квартал бележиме намалување од 5.753 денари и цената во вториот квартал од оваа година изнесува 42.832 денари. Во Кисела Вода исто така бележиме пад на цените на становите, па така во првиот квартал од 2017 година цената изнесувала 54.335 денари, за во вториот квартал од оваа година истата даизнесува  48.900денари.
 
Што се однесува до општините надвор од Градот Скопје, пад на цена на станбениот простор имаме во општина Битола, па така доколку во првиот квартал во 2017 година просечната цена на метар квадратен изнесувала од 41.546денари, во вториотквартал од 2017 година истата изнесува 30.302денари, што претставува пад од 11.244 денари.  Во Куманово имаме стабилна цена на становите и истата се движи околу 29.000 денари за метар квадратен. Во општина Охрид  бележиме голем пад на цената на становите, па така во првиот квартал од 2017 година цената за метар квадратен изнесувала 45.308 денари, за во вториот квартал од оваа година истата да изнесува 37.324 денари. 
 
Во однос на закупите, цената на закупот за метар квадратен станбен простор во општина Центар изнесува 295 денари. Стабилна цена на закупот бележиме во општина Карпош каде во последните три квартали цената изнесува околу 225 денари за метар квадратен закуп. Сепак пад на цените на закупите бележиме во општините Кисела Вода, Ѓорче Петров и Аеродром. Во вториот квартал од 2017 година во Кисела Вода бележиме пад од 53 денари, па така сега цената на закупот изнесува 132 денари, во општина Ѓорче Петров имаме пад од 60 денари, и цената за закуп на станбен простор изнесува 37 денари за метар квадратен. Во општина Аеродром имаме пад за 11 денари и цената во овој квартал изнесува 148 денари. 
 
Кај пазарот на хипотеки кој е составен дел од извештајот на Регистарот на цени и закупнини се забележува раст на бројот на станови кој се наоѓаат под хипотека од 0,11%, па така на ниво на Република Македонија од вкупниот број на регистрирани станови 10.2% се наоѓаат под хипотеки. Покрај минималниот раст на пазарот на хипотеки и понатаму Република Македонија има слабо развиен пазар на хипотеки.
 
Генерално, можеме да заклучиме дека имаме многу мало зголемувањена активностите на пазарот со недвижности во овој квартал по огромното намалување на активностите кое го регистриравме во поселедниот кварталод 2016 и првиот квартал од 2017 година, кое пред се се должи на поволните каматни стапки на комерцијалните банки и падот на цените на становите. Исто така во овој квартал може да се забележи голем пад на цените на продажбите и закупите на становите во голем број на општини во Република Македонија.
 
Можеме да заклучиме дека бројот на новоградби и станови кои се во тек на градба односно понудата на станови на пазаротконтинуирано расте, со што ја задоволува побарувачката на станови и во моментот има доволна залиха на новоизградени станови доколку побарувачката се зголеми. Доколку условите на пазарот на недвижности останат исти подолг временски период,Агенцијата за катастар на недвижности во наредниот период очекуваблаг пад и стабилизација на цените на недвижностите во одредени општини,пред се поради зголемената градежна активност и значително намалената побарувачка на станови. 


Извештајот од регистарот на цени и закупнини за периодот 1.3.2017 - 30.6.2017 година може да го преземете на следниов линк.
 
Деталниот извештај е достапен тука