ДЕСЕТТА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР И ИНФРАСТРУКТУРА НА ПРОСТОРНИ ПОДАТОЦИ, 8-9 ЈУНИ 2017 ГОДИНА, СКОПЈE

09.06 2017


Агенцијата за катастар на недвижности ја организираше Десеттата регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци,  на Тема: “Улогата на националните агенции за картографија и катастар, приватниот геодетски сектор како и универзитетите, во процесот на управување со геопросторните информации”, која се одржа во периодот од 8-9 Јуни 2017 година во “Музеј на македонската борба” во Скопје.
 
Целта на оваа конференција беше споделување на искуствата меѓу земјите од Регионот од областа на катастарот и инфраструктура на просторни податоци со цел воспоставување функционален катастар кој треба да ја гарантира сопственоста, развојот на пазарот на недвижности, зголемениот број на трансакции, да го подобри урбанистичкото планирање, развојот на инфраструктурата и животната средина со цел одржлив развој на општеството во целина.
 
На оваа конференција учество земаа претставници од националните агенции за катастар, земјишна администрација и картографија, претставници од приватната геодетска пракса како и преставници од многу меѓународни организации од доменот на геопростоните податоц од земјите од регионот како и учесници од Турција, Шведска, Холандија и Норвешка.
 
На следниов линк може да ги превземете презентациите од учесниците - презентери на Десеттата регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци