ДЕСЕТТА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР И ИНФРАСТРУКТУРА НА ПРОСТОРНИ ПОДАТОЦИ, 8-9 ЈУНИ 2017 ГОДИНА, СКОПЈE

26.04 2017


 
Агенцијата за катастар на недвижности ја организира Десеттата регионална конференција за катастар и инфраструктура на просторни податоци,  на Тема: “Улогата на националните агенции за картографија и катастар, приватниот геодетски сектор како и универзитетите, во процесот на управување со геопросторните информации”, која ќе се одржи од 8-9 Јуни 2017 година во “Музеј на македонската борба” во Скопје (адреса: 11 март 1, 1000 Скопје).

Целта на оваа конференција е споделувањето на искуствата меѓу земјите од Регионот од областа на катастарот  и инфраструктура на просторни податоци со цел воспоставување функционален катастар кој треба да ја гарантира сопственоста, развојот на пазарот на недвижности, зголемениот број на трансакции, да го подобри урбанистичкото планирање, развојот на инфраструктурата и животната средина со цел одржлив развој на општеството во целина.

Овој настан се поклопува и со јубилејот од 70 години АКН, 40 години Градежен факултет и 10 години геодетска пракса.

Во прилог на ова соопштение Ви ја доставуваме предлог - агендата за конференцијата. За дополнителни информации во врска со настанот и потврда на присуство, ве молиме контактирајте со г-дин Бојан Анастасов, b.anastasov@katastar.gov.mk, 00389 76 456968 и г-ѓа Стефанија Анастасовска, s.jovanova@katastar.gov.mk, 00389 76 456960.


При резервацијата напоменете дека сте учесник на Десеттата регионална конференција во организација на Агенцијата за катастар на недвижности.
Ве молиме да имате предвид дека учесниците треба сами да резервираат сместување и сами плаќаат за сместувањето.

Со почит,
Агенција за катастар на недвижности