ЕРАЗМУС + Градење на капацитетите во областа на високото образованиеЕРАЗМУС + Градење на капацитетите во областа на високото образование

28.03 2017

 

 
Проектот BESTSDI - евалуација на академското образование во земјите од Западен Балкан и професионални одржливи обуки за инфраструктурата на просторни податоци - БЕСТСДИ ги инволвира високообразовните институции од областа на геодезијата, геоинформатиката и  инфраструктурата на просторни податоци на земјите од Западен Балкан. Проектот BESTSDI  се финансира во рамките на програмата на Европската комисија наречена ERASMUS+ K2.
 
 
Проектот започна со имплементација во октомври 2016 година и неговото времетраење е три години со вредност од  околу 1 милион евра.
Во проектот се вклучени 15 високообразовни институции од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора, Косово и од Албанија, како и универзитетите од Белгија, Германија и Шведска. Во рамките на проектот, како институции - претставници од Македонија се вклучени Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Градежниот факултет со статус на проектен партнер и Агенцијата за катастар на недвижности која доби статус на придружен партнер. 
 
 
Високообразовните институции од Хрватска, Белгија, Германија, Шведска и од Македонија имаат статус на програмски партнери со проектна задача подготовка на  наставните планови кои ќе вклучуваат предмети кои се однесуваат на инфраструктурата на просторните податоци.
 
 
Преостанатите високообразовни институции од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и од Албанија имаат статус на партнерски земји и имаат проектна задача  имплементација на искуствата добиени од програмските земји и нивно интегрирање во наставните програми на факултетите за геодезија и на други факултети поврзани со геонауката. Во рамките на проектот е планирана и соодветна техничка опрема која ќе се користи во образовни цели за реализација на наставните планови. 
 
 
Третата категорија проектни чинители се националните агенции за катастар и геодезија  кои вообичаено се тесно поврзани со инфраструктурата на просторните податоци и имаат проектна задача да обезбедат пренос на стекнатите искуства на полето на националната инфраструктура на просторни податоци, како и да дадат свој придонес при создавањето на наставните програми за корисниците на овие податоци.
 
 
Националната инфраструктура на просторни податоци е од огромна важност за развојот на одржливо е-управување и е-граѓански систем кој ќе биде заснован на ефикасна употреба на геопросторните податоци.
Агенцијата за катастар на недвижности во проектот BESTSDI е придружен партнер (без договорни обврски) и нејзината улога е давање стручни мислења при дефинирањето на ИПП-наставната програма, ИПП-курсевите и содржината на СДИ, евалуација на предлог-програмата/курсевите, обезбедување стручни лица кои ќе дадат поддршка во презентирањето и промоцијата на наставните програми. Целта на проектот БЕСТСДИ е да се подобрат наставните програми во универзитетите кои имаат статус на земја партнер преку промоција на концептите за инфраструктура на просторни податоци и е-влада, како и концептот за „паметни градови“, „паметна животна околина“, дигитален единствен пазар занован на СДИ.
 
Проект всушност комплементарно се надополнува со регионалните проекти INSPIRATION и IMPULS во кои се вклучени агенциите за катастар и геодезија на земјите од Западен Балкан. АКН е одговорна за имплементација на инфраструктурата на просторни податоци и ИНСПИРЕ-директивата на национално ниво, а учеството на АКН во проектот БЕСТСДИ се однесува на активности на полето на споделување на стекнатите знаења и искуства  од соодветната област  во јавниот сектор.