“TAIEX” работилница

22.03 2013

Сподели

 

Во организација на Европската комисија, Министерството за животна средина и просторно планирање и Агенцијата за катастар на недвижности на 18 март 2013 година се одржа TAIEX работилница на тема “Примена на INSPIRE директивата во Европските земји”.
 
Работилницата ја отвори Славче Трпески, директор на Агенцијата за катастар на недвижности, кој ја истакна важноста на геопросторните податоци и улогата на европската INSPIRE директива во креирањето на правната рамка за Националната инфраструктура на просторни податоци - НИПП.
 
Од страна на Димова Соња, претставник од Агенцијата за катастар на недвижности и координатор на НИПП активностите беше извршена презентација на Предлогот на Законот за НИПП на Република Македонија, а Часле Тошевски претставник од Министерството за животна средина и просторно планирање ја презентираше Управувачката структура на НИПП, согласно одредбите од законот.
 
Европските искуства пред присутните ги пренесе колегата Томаш Петек од Геодетската управа на Република Словенија, кој низ своите две презенатции „Практични искуства од имплементациајта на INSPIRE директивата во Словенија” и „Финансиски модел и управувачка структура” укажа на придобивките од НИПП, како и на потешкотиите со кои се соочиле при имплементацијата.
 
Учество на работилницата земаа 50 учесници, како претставници од повеќе Министерства, Владини Агенции и Градот Скопје.    
 
На крајот од работилницата се отвори дискусија преку која учесниците добија одговор на повеќе поставени прашања.
 
   
 
 
Доколку сакате да ја превземете презентацијата за законот за НИПП на Република Македонија кликнете ТУКА