Новите топографски карти во размер од 1:25,000 се изготвени во септември 2006 година врз основа на аерофотограметриското снимање од јули 2004 година. Проектот е реализиран заеднички од страна на Државниот завод за геодетски работи и Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) во периодот од март 2004 до септември 2006 година.
Доколку сакате да ја превземете Индекс-картата за поделбата на листови на топографската карта во размер 1:25000 кликнете на мапата.
Изготвени се аерофотографии и ортофото карти за целата територија на Република Македонија (површина прикажана на сликата лево), топографски карти во печатена и дигитална форма за околу 55% од територијата (површина обоена во сино на сликата десно) и ГИС база на податоци за заштита на сливниот регион на Охридското езеро (површинашрафирана на сликата десно)
Покрај тоа што е ажурирана содржината на самите карти врз основа на новите податоци од премерот извршен во јули 2004 година, постојат и други разлики помеѓу новите и старите карти:
| Променети категории | Стари карти | Нови карти |
|---|---|---|
| Година на производство | 1960 - 1970 | 2004 - 2006 |
| Форма на податокот | Печатена | Печатена и дигитална |
| Јазик | Македонски (латиница) | Македонски (кирилица)/ Англиски |
| Начин на испорака на печатени карти | Неспакувана форма | Спакувана/Неспакувана форма |
| Информации надвор од маргините | Размерна линија | Легенда Размерна линија Математичка основа Историјат на изработка Метод на премер Индекс карта |
Проектирана година за завршување на преостанатите карти од територијата на Република Македонија е крајот на 2008 година. Доколку сакате да се информирате дали картата за која што сте заинтересирани е веќе изработена или не, контактирајте ја Архивата на ДЗГР.
Доколку податоците од картографските продукти купени од ДЗГР се употребуваат за комерцијални цели, како на пример за изработка на разни тематски карти, потребно е да се добие посебно одобрение од ДЗГР. Употребата на податоците ке биде ограничена само за намената за која што се издадени. Кога новиот продукт ќе се публикува од корисникот ќе се бара на истиот да се испечати и одреден текст, како на пример:
Оваа карта е репродуцирана од топографската карта во размер 1:25 000 со одобрение од директорот на Државниот завод за геодетски работи (број на одобрение: xx-xxxx/x, од xxx. 200x). Содржината на оваа карта е изготвена врз основа на податоците добиени со премерот од јули 2004 година. Копирањето и/или печатењето на оваа карта за комерцијални цели, без дозвола од ДЗГР е забрането.
Каде да се обратите доколку имате одредени прашања во врска со картографските продукти?
За било какви информации во врска со картографските продукти, обратете се до Архивата на ДЗГР. Контакт податоци:
ДЗГР – Архива
Работно време: 08:30-16:30 часот (понеделник-петок)
тел: (2) 3170114 / (2) 3170120
факс: (2) 3171668
е-пошта: prodazba@katastar.gov.mk