За да докажете дека сте законски сопственик на имотот не е доволно само да поседувате купопродажен договор, тапија, решение од судот и слично.
Сопственоста и располагањето со вашиот недвижен имот (земјиште, куќа, стан, деловен простор...) Ви се загарантирани само доколку поседувате имотен лист за него. Со имотниот лист Вие ја добивате вистинската вредност на имотот, ја олеснувате неговата продажба и Ви користи при одобрување на кредит (хипотека). Истовремено, запишувањето на вашите имотни права и издавањето имотен лист не ги зголемува вашите трошоци кон државата (данок на имот, комунални такси и сл.).
Државниот завод за геодетски работи преку Секторот за премер и катастар - Скопје и 29-те одделенија за премер и катастар низ Републиката се подготвени да Ви помогнат да ги запишете, а со тоа да ги осигурате вашите законски права на сопственост врз недвижниот имот што го поседувате. Со тоа Вие добивате вистинска гаранција за имотот и ги осигурувате правата на сопственост и за вашите идни поколенија.
Запишувањето на Вашите права се врши:
ДЗГР преку своите одделенија, по службена должност и БЕСПЛАТНО, врши запишување на Вашиот имот во катастарот.
Процедурата е едноставна - единствено јавете се на поканата за излагање на јавен увид на податоците за вашиот недвижен имот и во одреденото време, датум и место донесете ги сите документи со кои ќе го докажете вашето право на сопственост.
Документи за докажување на правото на сопственост врз недвижен имот се:
Документацијата која ја прилагате како доказ за запишување на Вашето право доставете ја во оригинал или направете на Нотар заверка на истата.
Заедно со оваа документација понесете и лична карта или друг документ за идентификација. За запишување на имотот на вашата фирма (правно лице) потребно е да доставите и доказ за нејзина регистрација.
По увидот во документацијата вашиот имот ќе се впише во Катастарот на недвижности и ќе може да ви биде издаден имотен лист.
Доколку, од било кои причини,не сте се јавиле на поканата доставена од ДЗГР и сте пропуштиле да го запишете Вашиот имот во катастарот на недвижностите, во постапката за излагање на податоците на јавен увид – запишување по службена должност, или Вашиот имот е запишан во кататастарот на земјиште, а сакате да го запишете во катастарот на невижности заради добивање на Имотен лист, ова право можете да го остварите врз основа на Ваше барање.
Со барањето приложете ја целокупна документација врз основа на која можете да го докажете Вашето право на сопственост:
Документацијата која ја прилагате како доказ за запишување на Вашето право доставете ја во оригинал или направете на Нотар заверка на истата.
Понесете со себе и лична карта или друг документ за Ваша идентификација.
По добивање на решението и негова правоислност се врши упис на Вашите права во катастарот на недвижности.
Доколку документацијата е целосна и исправна и нема никакви законски пречки решението (имотниот лист) се издава во законски утрвдениот рок (од 30 до 60 дена).
Висината на надоместокот за спроведување на постапката се утврдува со Тарифник.