Шалтерите на АКН повторно со вообичаеното работно време

Шалтерите на АКН повторно со вообичаеното работно време

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Макадонија, ја информира јавноста дека продолжува да работи со капацитетот со кој работеше пред состојбата на пандемијата со коронавирусот. Оние шалтери кои пред здравствената криза работеа со работно време од 7.30 до 18.00 часот, ќе продолжат да работат со истото работно време. Ова важи и за Центарот за катастар на недвижности – Скопје, чие работно време на шалтерите е од 7.30 до 18.00 часот.

Секако, останува можноста, голем дел од услугите и информациите кои ги нуди Агенцијата за катастар на недвижности можат да се обезбедат и преку веб страницата: www.katastar.gov.mk, или на бесплатната инфо линија: 0800 80 800

Агенција за катастар на недвижности на Република Северна Македонија