На студентите, идни геодети, АКН им беше претставено онлајн

На студентите, идни геодети, АКН им беше претставено онлајн

Традицијата продолжи и оваа година, Агенцијата за катастар на недвижности се претстави пред студентите од катедрата по геодезија на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје.

Согласно актуелната состојба со пандемијата од коронавирусот, студентите прв пат не беа гости во Агенцијата, туку беше организирано онлајн претставување на Агенцијата преку соодветни презентации.

Пред сè, беше претставена Агенцијата за катастар на недвижности, беше презентирана нејзината поставеност, функционирање и надлежности.

Потоа, беа презентирани темите кои беа посебно интересни за студентите, а се однесуваа на конкретни професионални теми. Беа претставени основите геодетски работи, достигнувањата во доменот на картографијата, електронските сервиси на Агенцијата, како и функционирањето на Националната инфраструктура на просторни податоци – НИПП.

На крај беше претставено работењето на Центарот за катастар на недвижности – Скопје, односно за неговите надлежности и делокругот на работи што ги опфаќа секојдневното работење.

Онлајн посетата со посебен интерес беше проследена од сите студенти – идни колеги геодети, кои добија можност своите теоретски познавања да ги проектираат во можен иден професионален ангажман.