LiDAR информативна страна

LiDAR информативна страна

Следејќи ги светските трендови во областа на аквизиција на просторни податоци, Агенцијата за катастар на недвижности започна со спроведување на LiDAR скенирање на територијата на нашата држава во рамките на проектот насловен „LiDAR премер на територијата на Република Македонија за изготвување на прецизни дигитални висински модели и други квантитативни и квалитативни анализи на земјината површина“. Проектните активности се однесуваат на LiDAR скенирање на дел од територијата на Република Северна Македонија, градење на сопствени капацитети во процесот на контрола на LiDAR податоците и нивното архивирање, како и креирање на LiDAR портал за дистрибуција на LiDAR продуктите до крајните корисници.

За корисниците да се запознаат со LiDAR проектот и воопшто со LiDAR технологијата и нејзината примена, Агенцијата за катастар на недвижности изготви LiDAR информативна страна, како вовед во LiDAR порталот, кој во иднина ќе се користи за дистрибуција на LiDAR продуктите до крајните корисници.

LiDAR информативната страна е достапна преку веб страницата на Агенцијата за катастар на недвижности, на која што е креирана посебна икона насловена „ЛИДАР“.

За сите заинтересирани корисници кои што сакаат поблиску да се запознаат со продуктите од LiDAR проектот, Агенцијата за катастар на недвижности обезбеди и одреден сет на тест податоци кои може слободно да се преземат од LiDAR информативната страна на следниот линк.