АКН заштедува со новиот договор за набавка на електрична енергија

АКН заштедува со новиот договор за набавка на електрична енергија

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, продолжува со домаќинско и економично работење. Една од последните придобивки од ваквиот начин на работа е спроведувањето на јавен повик за набавка на електрична енергија, на кој се имаа пријавено повеќе понудувачи. Цената која беше постигната на лицитацијата, беше пониска од првичната и со вклучен ДДВ, за следните 12 месеци таа ќе изнесува 7.821.281,00 денари, а е со важност од 1 април 2020 година.

За споредба, во планот за јавни набавки на АКН, за 2020 година се предвидени 23 милиони и 600 илјади денари, во кој се оставени можности за зголемување на потрошувачката. Но, според реалната потрошувачка по години, во 2018 година се исплатени 13.869.061,00 денари, а во 2019 година 14.043.676,00 денари.

Со едноставна пресметка, за споредба, доколку во 2019 година се потрошени 14.043.676,00 денари за електрична енергија, ако под идеални услови во следните 12 месеци се исплатат 7.821.281,00 денари (без драстични зголемувања на потрошувачката и слично), АКН ќе заштеди 6.222.395,00 денари, што е сума достојна за почит.

Овие средства ќе се користат за унапредувањето на работата на Агенцијата за катастар на недвижности.