МАКПОС системот надграден за ГАЛИЛЕО функционалности

МАКПОС системот надграден за ГАЛИЛЕО функционалности

Во март 2020 година Агенцијата за катастар на недвижности ја комплетираше хардверската и софтверската надградба на МАКПОС системот, со што тој почна да функционира како 3G мрежа (GPS+GLONASS+GALILEO). Со надградбата значително се подобрени перформансите на системот, во поглед на достапноста на сателитските сигнали, брзината на иницијализација и точноста на геопозиционирање.

Сите корисници на МАКПОС системот кои што имаат на располагање GNSS уреди со можност за прием на GPS+GLONASS+GALILEO сигнали и поддржуваат тип на порака RTCM3.x (MSM4), може без никаков надоместок да го користат 3G мрежното решение, со тоа што GNSS уредите ќе треба да ги пресетираат на: Mount Point: iMAX-GNSS.