Одложување на априлска испитна сесија

Одложување на априлска испитна сесија

Агенцијата за катастар на недвижности соопштува дека, согласно Известување бр. 17-2209/2 од 12 март 2020 година на Владата на Република Северна Македонија, а заради доследно спроведување на заклучоците, мерките и препораките во функција на преземање активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), нема да се одржи испитот за стекнување на овластување за овластен геодет во априлската испитна сесија.

Агенција за катастар на недвижности на Република Северна Македонија