Шалтерите на АКН ќе работат со намален капацитет

Шалтерите на АКН ќе работат со намален капацитет

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Макадонија, ја информира јавноста дека согласно препораките од Владата на Република Северна Македонија за преземање на мерки за превенција против ширење на вирусот covid-19, шалтерите за работа со граѓаните ќе функционираат со намален капацитет. Ова важи и за Центарот за катастар на недвижности – Скопје, каде од 13.3.2020 година шалтерите работат со работно време од 7.30 до 15.30 часот.

Воедно, апелираме до граѓаните што ќе имаат потреба од услуги или некакви консултации, доколку е возможно тоа да го прават по електронски пат. Голем дел од услугите и информациите кои ги нуди Агенцијата за катастар на недвижности можат да се обезбедат и преку веб страницата: www.katastar.gov.mk, или на бесплатната инфо линија: 0800 80 800

Агенција за катастар на недвижности на Република Северна Македонија