Потпишани договори за соработка меѓу Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија и Косовската катастарска агенција

Потпишани договори за соработка меѓу Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија и Косовската катастарска агенција

Вчера, на 13 февруари, 2020 година, делегација од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, предводена од директорот Борис Тунџев, беше во работна посета на Косовската катастарска агенција, каде домаќин беше директорот на косовската агенција за катастар Авни Ахмети.

Беа потпишани два важни документи. Со Меморандумот за соработка од областа на основните геодетски работи, картографијата, катастарот на недвижности, геоинформатиката и инфраструктурата на просторните податоци, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија и Косовската катастарска агенција го утврдија заедничкиот интерес за соработка од областа на основните геодетски работи, картографијата, катастарот на недвижности, геоинформатиката и инфраструктурата на просторните податоци.

Со Договорот за соработка во областа на размена на податоци од мрежите на перманентни GNSS (Global Navigation Satellite System) станици, двете држави воспоставија соработката во областа на размена на податоци од мрежите на перманентни GNSS станици, во рамките на соодветните прописи.

Во работниот дел, двете страни ги презентираа сопствените активности, проекти и предизвици на институциите. Беа разгледани повеќе можности и полиња за продлабочување на соработката помеѓу овие две институции.