Агенцијата за катастар на недвижности донираше за новороденчињата од ГАК

Агенцијата за катастар на недвижности донираше за новороденчињата од ГАК

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија е институција која целосно е ориентирана кон доброто на граѓаните, таа е граѓански сервис и во нејзиното работење приоритет е јавниот интерес.

Од овие причини, но уште повеќе од емотивен и хуман аспект, АКН излезе во пресрет на барањето на ЈЗУ Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство Скопје и одвои парични средства за набавка на потребните апарати, во случајов респиратори со високофреквентна осцилаторна вентилација.

Денеска, на 27 декември, 2019 година, во просториите на ГАК – Скопје од страна на директорот Борис Тунџев, беше врачена оваа финансиска донација за купување на потребните респиратори.

„Агенцијата за катастар на недвижности, кога би била во состојба, на одвоените 4.500.000 денари, би додала макар уште една, две нули на крајот, затоа што сакаме да помогнеме, колку што можеме, посебно тука, кога сме потребни на најмалите“, истакна директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија – Борис Тунџев.

Сепак, Агенцијата за катастар на недвижности овие средства ги одвои од сопствената сметка од самофинансирање, која успеа да ја одржи, па и ете, како во овој случај и одвои дел од тие средства во заеднички, јавен интерес и најголем можен приоритет, дека се работи за потребите на новородените, за нашата иднина. Не е исклучено, едно од овие дечиња, после извесно време ќе ги брани боите на геодетската професија.

Во секој случај, АКН ја поддржува определбата на Владата за вложување во јавниот интерес, за транспарентност и за домаќинско работење. Така, Агенцијата за катастар на недвижности, работејќи домаќински успеа да одговори на потребите на Гинекологија и да придонесе во доброто на децата и на сите граѓани.