Финална средба на учесниците во проектот ИМПУЛС

Финална средба на учесниците во проектот ИМПУЛС

На 13 ноември 2019 година, во Бања Лука, беше одржана финалната средба на учесниците во проектот ИМПУЛС, во кој покрај работниот дел, беше означено и неговото формално затворање. Настанот беше на високо ниво и на него учестуваа и имаа свои обраќања, премиерот на Република Српска, Шведскиот амбасадор и директорите на повеќе национални агенции за катастар и геодезија во земјите од регионот. На настанот присуствуваше и македонска делегација предводена од директорот на АКН, Борис Тунџев, кој зема посебно место во панел дискусијата за научените лекции во текот на спроведувањето на проектот, во која учествуваа сите раководители и директори на агенциите корисници на проектот.

Проектот имаше за цел да ги поддржи националните агенции за катастар и геодезија во земјите од Регионот, во процесот на имплементација на INSPIRE Директивата, односно воспоставувањето на Национална Инфраструктура за Просторни Податоци (НИПП). ИМПУЛС проектот се имплементираше во период од 2014 до 2018 година, а корисници на проектот беа осум институци од шест земји од Регионот.

Проектот беше поддржан со средства од Шведската агенција за меѓународен развој – Сида во износ од 38.900.000 шведски круни, а дел од средствата обезбедија и партнерите во проектот. Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија доби благодарница за плодната соработка на овој проект и посебните залагања и успеси кои АКН ги има постигнато за времетраење на проектните активности.