Одржана обука со претставници од банките и Управата за јавни приходи, за начинот на воспоставување и одржување на Регистарот на преземен имот наменет за продажба

Одржана обука со претставници од банките и Управата за јавни приходи, за начинот на воспоставување и одржување на Регистарот на преземен имот наменет за продажба

На 14 ноември 2019 година во просториите на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија беше одржана обука за начинот на воспоставување и одржување на Регистарот на преземен имот наменет за продажба.

На обуката присуствуваа претставници од банките и Управата за јавни приходи.

Беше презентиран начинот како овие институции треба да ги потврдуваат податоците за недвижностите кои се во нивна сопственост, а се наменети за продажба. Овие податоци се потврдуваат во функција на воспоставување на Регистарот, начинот на визуализација на потврдените недвижности и нивното пребарување откако Регистерот ќе биде воспоставен.