Одржана еднодневна работилница за вработените на АКН

Одржана еднодневна работилница за вработените на АКН

Во саботата, на 26 Октомври, 2019 година, во Александар Палас, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија одржа еднодневна професионална обука со тема „Новини во измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности и тековното работење на Агенцијата за катастар на недвижности“.

Пред голем број присутни колеги од цела држава беа презентирани новините кои вработените треба да ги применуваат во понатамошното работење. Настанот го отвори директорот на АКН, Борис Тунџев.

На обуката присуствуваа правниците и геодетите кои работат на предмети во Центарот за катастар на недвижности – Скопје и подрачните одделенија, како и останатите референти кои работат на предмети, како и државните советници, секторските раководители на регионите и вработените од секторот за внатрешна контрола.

Презентациите од работилницата можете да ги најдете на следните линкови. (линк1, линк2, линк3, линк4, линк5, линк6, линк7, линк8, линк9, линк10.)