Национална работилница на НИПП во рамките на проектот ИМПУЛС

Национална работилница на НИПП во рамките на проектот ИМПУЛС

На 2 октомври 2019 година, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија беше домаќин на националната работилница од областа на НИПП во нашата држава, со поддршка од двајца експерти, г-ѓа Наима Алмстром и г. Давид Боман, од пријателскиот катастар Лантматеријат од Шведска, со кој АКН соработува подолго време и со кој работи на проектот ИМПУЛС.

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, е надлежна институција за воспоставување, одржување и обезбедување на јавен пристап до геопорталот за НИПП за одржување на услуги за метаподатоци, како и за регистарот на метаподатоци.

Регионалниот проект ИМПУЛС е финансиран од шведската агенција за меѓународен развој (SIDA), а имаше за цел да ги поддржи националните агенции за катастар и геодезија во земјите од регионот, во процесот на имплементација на ИНСПИРЕ директивата.

Денеска, се одржа финалната средба на проектот ИМПУЛС, на кој беа сумирани резултати, но и поставени бројни прашања и разгледани дилеми, посебно во однос на лиценцирањето, но и во однос на ПСИ Директивата, или Директивата за отворени податоци и повторна употреба на информации од јавниот сектор, позната и како „Директива за отворени податоци“ (Директива (ЕУ) 2019/1024) која влезе во сила на 16 јули 2019 година и ја заменува Директивата, која датира од 2003 година.

Воедно, на средбата беше презентиран и новиот проект на кој соработуваат АКН и Лантматеријат – „Соработка за дигитална демократија“, посебно во неговиот сегмент за Нациoналната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија (НИПП).

На следниот линк можете да ја најдете презентацијата на Шведските експерти од Национална работилница на НИПП во рамките на проектот ИМПУЛС.