Агенцијата за катастар на недвижности на меѓународна конференција за дигитална технологија

Агенцијата за катастар на недвижности на меѓународна конференција за дигитална технологија

Делегација од Агенцијата за катастар на недвижности учествува на меѓународната конференција на тема „Со дигитализација до развој за одржлива иднина во источна Европа“.

Конференцијата се одржува во Врдник, Република Србија, од 18 до 20 септември 2019 година во организација на Републичкиот геодетски завод од Република Србија, а во соработка со Светска Банка и Економската комисија на Обединетите нации за Европа.

Дигиталните технологии од корен го менуваат општеството, тие се двигател на развојот и доколку се употребуваат добро, можат да помогнат во промената на негативните трендови во Источна Европа, е заклучокот на учесниците. Во рамките на неколкуте сесии и панел дискусии, над 200 учесници, од 18 земји и 14 меѓународни организации, имаа можност да се запознаат со новините во областа на дигиталниот развој, трансформационите технологии, интеграција на геопросторните податоци и Инспајр (INSPIRE) директивата.

Во сесијата под наслов „Дигитална трансформација – добра пракса во Источна Европа“, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија се претстави со темата „Дигитален развој на Агенцијата за катастар на недвижности, предизвик и придобивки за општеството“.