Одржана 12 Регионална конференција за катастар и Националните инфраструктури на просторни податоци – НИПП, од 4 до 6 септември 2019 година, во Неум, Босна и Херцеговина

Одржана 12 Регионална конференција за катастар и Националните инфраструктури на просторни податоци – НИПП, од 4 до 6 септември 2019 година, во Неум, Босна и Херцеговина

Од 4 до 6 септември 2019 година, во Неум, Босна и Херцеговина беше организирана 12 Регионална конференција за катастар и Националните инфраструктури на просторни податоци – НИПП, во организација на Федералната управа за геодетски и имотно-правни работи на Босна и Херцеговина. На оваа конференција земаа учество делегати од националните агенции за катастар и Националните инфраструктури на просторни податоци – НИПП од: Албанија, Босна и Херцеговина, Република Српска, Хрватска, Косово, Црна Гора, Северна Македонија, Србија, Словенија, Шведска, Норвешка, Холандија, како и партнерските организации: EuroSDR, CLGE, JICA и Сида.

На конференцијата учествуваа претседателот на Еурогеографикс г. Колин Бреј и извршниот директор г. Мик Кори. Во Неум, на оваа значајна конференција за нашиот регион, беше потпишан и Меморандум за разбирање и соработка во областа на катастарот, топографскиот премер и картографијата, геодетските мрежи и инфраструктурата на просторните податоци, помеѓу националните агенции за катастар и националните инфраструктури на просторни податоци – НИПП, од Регионот.

На конференцијата беше потенцирано значењето на развојот и имплементацијата на новите модерни ИТ системи за регистрација на недвижностите и нивното сопствеништво, со што се зголемува сигурноста на податоците и се поедноставува пристапот до нив. Покрај благодарноста до Импулс проектот за постигнатите резултати, беше нагласена и потребата од понатамошната соработка со донаторите, во сегментот на креирање на секторот на земјишната администрација и инфраструктурата на просторните податоци. Следната регионална конференција ќе се одржи во Словенија.

На маргините на конференцијата, македонската делегација оствари повеќе работни состаноци со донаторите од Шведска, Норвешка, Јица и Сида.