Студентите од Тетовскиот универзитет во посета на АКН

Студентите од Тетовскиот универзитет во посета на АКН

Агенцијата за катастар на недевижности, денеска, 20 мај 2019 година, беше домаќин на студентите од Тетовскиот универзитет, од студиската програма по геодезија и геоинформатика, на кои оваа посета им е вклучена и во наставниот план.

На студентите им беше презентирано функционирањето, поставеноста и работата на Агенцијата. Им се говореше за поставеноста на геодетската професија во Република Северна Македонија, краток осврт за минатото, но многу повеќе за идните правци во развојот на нивната идна професија – геодет.

Студентите имаа можност да се запознаат со начинот на функционирање на повеќе сектори во Агенцијата за катастар на недевижности. Тие се здобија со нови сознанија за тоа како се креираат и како се ажурираат и архивираат катастарските податоци, согласно законските прописи во државата.