Соопштение за одржување на обука наменета за овластени геодети

Соопштение за одржување на обука наменета за овластени геодети

Агенцијата за катастар на недвижности, ја организира втората задолжителна обука за 2019 година, наменета зa трговците поединци овластените геодети, на тема:

„ДИСТРИБУИРАНИ СЕРВИСИ ВО ГеоИС ОКОЛИНА“

Обуката ќе се одржи на 16.05.2019 (четврток) и 17.05.2019 (петок), во просториите на Градежниот факултет – Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје (Компјутерски Центар) и истата ќе биде спроведена во 7 групи.

Целосното соопштение е достапно на  следниов линк.