Новитети од работењето на Агенцијата за катастар на недвижности

Новитети од работењето на Агенцијата за катастар на недвижности

Агенцијата за катастар на недвижност е основач и го одржува катастарот на недвижностите, управува со геодетско-катастарскиот информациски систем и го воспоставува и го одржува јавниот пристап до Националната инфраструктура на просторни податоци.

АКН има повеќе надлежности, но главна определба во работењето е отвореноста кон корисниците и олеснувањето на пристапот и користењето на информациите кои таа ги става на располагање на професионалните корисници и приватните трговски друштва кои вршат геодетска дејност, како и овозможување на лесен пристап до сопствените услуги на граѓаните кои имаат потреба од нив.

Затоа Агенцијата за катастар на недвижност на Република Северна Македонија, за професионалните корисници обезбеди повеќе олеснувања во користењето на еКат шалтерот.

Услуги за професионалните корисници:

Професионалните корисници, во електронска форма, преку еКат шалтерот на АКН можат да поднесат:

  • барање за уверение за движење на недвижен имот;
  • барање за список на индикации на катастарски парцели;
  • барање за промени кај инфраструктурни објекти (кога се работи за парцела, дел на зграда или инфраструктура);

На професионалните корисници и приватните трговски друштва кои вршат геодетска дејност, во електронска форма, преку еКат шалтерот на АКН им се обезбедени:

  • следење на статусот на поднесените поврзани барања, кои се прават во АКН,
  • можност за пребарување податоци по Катастарот на земјиште.

Агенцијата за катастар на недвижност, за сите граѓани го олесни пристапот до своите услуги.
Услуга за граѓаните:

  • Граѓаните можат да поднесат барања за разни предмети за одделение во друг град, различен од местото на живеење.

На пример, како што сега може да се извади имотен лист за цела територија на РСМ од било кое место, така граѓаните ќе можат да поднесат различни барања во врска со сопствените имоти, во било кој град, за некоја друга општина, како на пример барање за промени кои настануват по основа на наследно решение и слично.