АКН домаќин на Координациониот одбор на проектот ИМПУЛС

АКН домаќин на Координациониот одбор на проектот ИМПУЛС

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, на 16 април 2019 година, беше домаќин на состанокот на Координациониот одбор на проектот ИМПУЛС.

Директорите од регионот учествуваа на овој десетти состанок на Координациониот одбор на кој беше разгледан и усвоен извештајот од реализираните активности од изминатиот период, како и финансискиот извештај, а беа дадени и повеќе идеи и визии за понатмошната регионална соработка.

По отварањето на состанокот од страна на директорот на АКН и претставувањето на новите членови од страна на претставникот на ИМПУЛС, беа разработени сите предвидени точки од дневниот ред. На крај од страна на претставничката на СИДА (Шведската Агенција за меѓународна соработка и развој), беше презентирана Агенцијата и тоа на кои полиња на дејствување става акцент и кои се актуелните интервентни подрачја на кои работи.

На крајот од средбата, директорот на АКН, Борис Тунџев им се заблагодари на претставничката на СИДА, Нина Геладзе Екстед и на заменик директорот на шведскиот катастар Андерс Лундквист за поддршката за одобрување на проектот Соработка за дигитална демократија, кој во нашата држава ќе го спроведе АКН во периодот од 2019 до 2023 година.