Учество на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија на годишната конференција на Светска банка во Вашингтон – САД

Учество на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија на годишната конференција на Светска банка во Вашингтон – САД

Делегација на Агенцијата за катастар на недвижности и годинава учествуваше на редовната годишна Конференција за земјиштето и сиромаштијата, во организација на Светска банка. Дваесеттата конференција се одржа во Вашингтон, од 25 до 29 март 2019 година.

Годинава, тема на овој значаен настан беше „Регулација на иновациите: За подобро земјишно управување во дигиталната економија“. Беа презентирани најновите достигнувања од областа на катастарот, управувањето со земјиштето, примената на нови технологии во функција на премерувањето и други сродни области.

Конференцијата ја отвори извршниот директор на Светска банка Кристалина Георгиева, која го истакна значењето на пазарот на недвижности и сопственичките права. Таа го потенцираше постигнатиот напредок во Република Северна Македонија во овој сегмент, што е резултат на успешното регистрирање на имоти во Агенцијата за катастар на недвижности и на скратените рокови за недвижноста да се запише во катастарот.

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија на конфренцијата се претстави со темата „Процесот на легализација на згради и објекти во Република Северна Македонија, од аспект на катастарот на недвижности“. Презентацијата предизвика големо внимание кај присутните. После презентацијата се отвори интересна дискусија, во која учениците беа заинтересирани за начинот на постигнување на резултатите во запишувањето на легализираните објекти во Република Северна Македонија, како и за потребите од придобрување на законската регулатива во оваа област.

На конференцијата учество земаа околу 1500 претставници од повеќе земји во светот.