Соопштение до корисниците на системот за Графички регистар на градежно земјиште

Соопштение до корисниците на системот за Графички регистар на градежно земјиште

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, ги информира корисниците на системот за Графички регистар на градежно земјиште, дека почнувајќи од 29. 3. 2019 година ја пушти во функција новата постапка – „УПВНМ/УПС до разработка на парцела“.

Оваа постапка овозможува импорт на Урбанистички план за вон населено место (УПВНМ) и Урбанистички план за село (УПС) со: опфат, блок, регулациона линија, парцела и градба. Досегашната постапка УПВНМ/УПС, која ја разработува проектната документација со опфат и блок и понатаму останува во функција.