Учество на АКН на завршната работилница на СПАТИАЛ проектот во Подгорица

Учество на АКН на завршната работилница на СПАТИАЛ проектот во Подгорица

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија со свои претставници учествуваше во работата на завршната работилница на проектот СПАТИАЛ, која се одржа во Подгорица на 12 и 13 март 2019 година. Тамата беше „Идната соработка и стратешко планирање“, а освен претставници на државите од Западен Балкан, присуствуваа и претставници на холандскиот катастар, како и претставници на Амбасадата на Кралството Холандија во Република Црна Гора.

На работилницата беа споделени искуствата за стратешко планирање и беше разговарано за идната соработка помеѓу Холандија и регионот на Западен Балкан, во однос на долгорочните стратешки планови на националните агенции за катастар и картографија.

Овие разговори, понатаму, треба да придонесат во креирање на проектот СПАТИАЛ 2, кој пак ќе се однесува на понатамошното зајакнување на „Професионалниот пристап до информации за земјиште“, во земјите од Западен Балкан.

Претставниците на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија имаа две презентации кои беа одлично прифатени од страна на учесниците во работилницата.