Работилници за новините во еКат и еКат шалтерот на АКН

Работилници за новините во еКат и еКат шалтерот на АКН

Агенцијата за катастар на недвижности започна со анализа на потребните новитети неопходни да се воведат во еКат и еКат шалтер. Целта на оваа анализа е подобрување на начинот на работа при користење на системите и натамошен развој на ефикасни работни процеси што истовремено ќе обезбеди ефективност во користењето од страна на професионалните корисници.

Денеска, 14 март 2019 година, Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, одржа работилници со претставниците на Нотарската комора, Комора на трговци поединци овластени геодети и трговски друштва на Република Северна Македонија, како и Комората на извршители на која беа презентирани тековните процеси во еКат шалтерот, а беше дискутирано и за можните подобрувања на постоечките процеси и воведувањето на нови. Во вториот дел од работилницата беше оставен поголем простор за дискусија за недостатоците на кои се наидува во текот на секојдневното работење, со предлози за нивно надминување.

На втората работилница, која беше на истите теми, присуствуваа претставници од општините, Управата за имотно правни работи и Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство.