Прва обука за овластените геодети за 2019 година

Прва обука за овластените геодети за 2019 година

На 7 март 2019 година, се одржа обука за овластените геодети, на тема „Искуства од Холандија од областа на картографијата, НИПП и геодезијата“.
Гостите Хаико ван дер Вегт, проектен менаџер во холандскиот катастар и Јандрик Буленс од универзитетот Вагенинген имаа презентации на следниве теми:

  • 3Д топографски карти,
  • НИПП и ПДОК,
  • Клучни регистри,
  • Систем за подземен катастар,
  • ЕУ-директиви и упатства за размена на информации.

Оваа работилница беша прва од задолжителните обуки за 2019 година. Воедно беа доделени и сертификатите за посетување на континуираната обука во 2018 година.