Завршна работилница на проектот СПАТИАЛ

Завршна работилница на проектот СПАТИАЛ

Агенцијата за катастар на недвижности го имплементираше проектот СПАТИАЛ (Strengthened Professional Access to Information About Land), финансиран од холандската влада, чија цел беше јакнење на капацитетите на АКН во делот на воспоставувањето на националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП), адресниот регистар и картографијата.

Проектот беше имплементиран во период од 1 јануари 2017 година до 31 декември 2018 година, а на 7 март 2019 година се одржа завршната работилница на проектот.

Агенцијата за катастар на недвижности во соработка со Холандската агенција за картографија, земјишна регистрација и катастар, заеднички работеа во реализација на проектните компоненти за Агенцијата за катастар на недвижности и тоа посебно во трите сегменти, националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП), адресниот регистар и картографијата.

На завршната работилница на проектот, своја презентација имаа Хаико ван дер Вегт проектен на СПАТИАЛ проектот и менаџер во холандскиот катастар и Јандрик Буленс од Универзитет Вагенинген.