11 сесија на работната група за Земјишна администрација (WPLA)

11 сесија на работната група за Земјишна администрација (WPLA)

Претставници на Агенцијата за катастар на недвижности присуствуваа на единаесеттата сесија на работната група за земјишна администрација (WPLA) формирана во рамките на Економската комисија на Европа, под покровителство на Обединетите нации, која се однесуваше на меѓународната размена на знаења од областа на земјишната администрација и менаџментот со недвижности.

На оваа сесија, која се одржа од 26 до 28 февруари 2019 година, во Женева, Швајцарија, беше направена ревизија на работата на работната група за земјишна администрација за претходните две години и беа избрани нови членови на Бирото кое управува со работната група за земјишна администрација (WPLA), за следниот двегодишен период 2019-2021 година. Претставникот на АКН, Татјана Ценова-Митревска која и претходно беше член на ова управно тело, е реизбрана за оваа позиција и за следниот мандат.

На 11 сесија присуствуваа голем број преставници на агенциите за катастар од Европа и Источна Азија. Презентациите беа групирани во повеќе сесии на кои се дискутираше како Економската комисија на Европа која е под покровителство на Обединетите нации (UNECE), ќе може со својата работа да придонесе да се подобри управувањето со земјиштето.