Работна средба помеѓу Нотарската комора и Агенцијата за катастар на недвижности

Работна средба помеѓу Нотарската комора и Агенцијата за катастар на недвижности

Претставници од Нотарската комора, предводени од претседателот Васил Кузманоски, одржаа тековна средба со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев и претставници од Агенцијата. Вообичаено, беа дискутирани прашања кои нотарите, како корисници на еКат шалтерот ги имаа нотирано од својата секојдневна работа и користењето на еКат шалтерот со кој работи Агенцијата за катастар на недвижности. Беше разговарано и за подобрување на оваа апликација, како би можело уште да се поедностави и олесни пристапот и работата со неа.

Нотарите, имаа серија прашања, за кои бараа појаснување или можност за подобрување на перформансите на апликацијата, како и тие би ја подобриле својата работа во врска со катастарот. Беше договорено дека сè она што е изводливо, Агенцијата за катастар на недвижности ќе го овозможи во разумен рок, а дека одличната соработка помегу нотарите и катастарот ќе продолжи и во иднина.