Работна средба на директорот на АКН со претставници на УПОЗ

Работна средба на директорот на АКН со претставници на УПОЗ

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, на денешниот работен состанок со претстедателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани на Република Македонија (УПОЗ) и претседателот и заменикот претседател на синдикалната организација на УПОЗ при Агенцијата за катастар на недвижности, разговараше во врска со потпишувањето на колективниот договор и за понатамошните активности во периодот што доаѓа, со што ќе се заокружи процесот на потпишување на колективниот договор со УПОЗ.

На состанокот, беше разговарано во врска со додатокот за степенот на кариера, за кој беше постигнат договор дека ако се најде законска рамка и можност и доколку од страна на Агенцијата за катастар на недвижности има правна и финансиска можност, да се исплати овој надоместок за степен на кариера, во рамките на законот и пропишаните законски услови.

Во врска со оценувањето на државните службеници, поради тоа што не било направено согласно Законот за административни службеници, по член 64, договорено е да се преземат мерки оваа состојба да се надмине. Во буџетот на АКН, за оваа година се предвидени финансиски средства за исплата на награди, но се бара законско решение, со одредбите од законот за административни службеници, како тие да им бидат исплатени на вработените.

Со синдикатот, беше разговарано и во врска со претстојната измена на систематизацијата на Агенцијата за катастар на недвижности, да бидат предвидени измени во систематизацијата на вработените, согласно законот за работни односи, а во однос на портирската служба, како и за исплатата на коефициентот на сложеност на работата, односно за одредена категорија која има различно образование, а исти работни задачи, а со тоа и иста одговорност и сложеност на работните задачи.

Синдикатот беше информиран околу претстојните измени на Законот за катастар на недвижности, каде има промени во член 21, став 1 и во работниот текст кој што е доставен до Министерството за правда е предвиден опсег на зголемување на основната плата од 5 до 30%, во зависност од систематизираното работно место.

На овој работен состанок беше договорено во следниот период, согласно посочените прашања, синдикатот и директорот на АКН да организираат средба со вработените во Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија.