Делегација од Генералниот директорат за картирање на Република Турција, во посета на АКН

Делегација од Генералниот директорат за картирање на Република Турција, во посета на АКН

Во дводневна работна посета (28 и 29 јануари) на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија се наоѓа висока делегација од Генералниот директорат за картирање на Република Турција, претставувана од господата Осман Алп и Јавуз Шенгин.

На денешната работна средба во АКН, беа презентирани активностите од областа на картографијата и основните геодетски работи, а потоа од страна на Златко Србиноски, професор на геодетскиот факултет, беше претставена студијата за новата картографска проекција на Република Македонија.

Од страна на гостите, поточно бригадниот генерал Осман Алп ја презентираше работата на Генералниот директорат за картирање на Турција. Потоа се разви дискусија во врска со имплементацијата на Меморандумот за соработка кој е потпишан од страната на двете земји и за активностите од акциски план за периодот 2019-2020 година. На крајот беше направена обиколка на Секторите за основни геодетски работи и картографија.

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија му додели посебна благодарница на бригадниот генерал Алп, за поддршката и остварување на соработката меѓу двете држави на ова поле, а посебно поради печатењето на топографските карти кои ги подготви македонската страна, а турската ги испечати во потребниот број на примероци.

Турската делегација ќе го посети и подрачното одделение за кататстар на недвижности во Битола.