Врачени подароците за децата од СОС Детско село Македонија

Врачени подароците за децата од СОС Детско село Македонија

Како што претходно објавивме, на барање на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија – Борис Тунџев, а со одлука на Управниот одбор, средствата планирани за печатење на новогодишни честитки и поштарина, оваа година беа пренасочени во хуманитарни цели, за децата од СОС Детско село Македонија.

На денешната средба со директорката на програми во СОС Детското село Македонија, Александра Ивановски, директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев ги предаде трите микробранови печки, обезбедени од АКН, а кои беа посочени од страна на СОС детското село како неопходни во моментов.

Краткото време кое претставниците на овие две институции го поминаа во разговор, отвори бројни можности за понатамошна евентуална соработка и помош од страна на АКН за децата во СОС Детско село Македонија, секако во рамките на ингеренциите и можностите на агенцијата.